Здраво момци. Последниот викенд од Јуни е резервиран за DH натпреварување во Битола. Натпреварувањето ќе се одвива на планина Баба(Пелистер) како и минатата година. Должината на стазата е околу 2км. Значи уште месец дена до натпреварот - доволно време да натпреварувачите од Бугарија ги средат своите обврски и најдат време да дојдат во Македонија на добра забава и одлично натпреварување. Сместувањето исто како и минатата година ќе биде во Детското одморалиште за цена од 500денари(8,2euro). За цената се добива вечера-ноќевање-доручек. За пребирливите има по луксузна варијанта во хотел Молика.
Пропозиции и саатница ќе објавам покасно