Здраво,
Само да најавам за фестивалот Sapka Fest 2015.
Викендот 28-30 Август организираме фестивал во кој ќе има 3 натпреварувања. XCO велосипедска крос кантри трка, XCM велосипедски крос кантри маратон и натпревар по планинско трчање.
1. XCO велосипедски крос кантри трка - Стартот е во сабота 29ти Август во 12ч. Право на настап имаат сите лиценцирани и нелиценцирани натпреварувачи. Во зависност од категоријата се возат од 2-8 круга. Должина на еден круг е 2,8км. За најдобрите натпреварувачи има обезбедено пехари, медали. Стартнина се наплаќа само за хоби, 100ден(1,6еур).
2. XCM велосипедски маратон - Стартот е во недела 30ти Август во 10ч. Должината на стазата е 48км. Поминува по најубавите и најживописните предели на Шар Планина. За најдобрите натпреварувачи има обезбедено пехари, медали и парични награди. Се плаќа стартнина од 10еур.
3. Планинско трчање - Стартот е во недела 30ти Август во 10:30ч. Достапни се две трки. Стазата е идентична со стазата за XCO 3 круга 8,2км и 6 круга 16,4км. За најдобрите натпреварувачи обезбедени се пехари, медали и парични награди. Се плаќа стартнина од 10еур.
Во стартниот пакет од 10еур добивате ручек, маица, изотоници, овошје, барови итн итн. За безбедноста на секој учесник се грижи црвен крст, високогорска спасителна служба, полиција на РМ.
За повеќе информации посетете го сјатот на фестивалот http://www.sapkafest.mk каде може директно да се пријавите за секој натпревар поединечно. Исто така може да не најдете и на facebook https://www.facebook.com/events/667828073328276/